Србија со нови покачувања ?!

Повисоки цени во Србија имаат млекото и млечните производи, месото, брашното, јајцата, маслото, газираните пијалаци, а до крајот на септември според најавите на тамошните трговци ќе поскапат и кафето, тестенините, смрзнатото овошје, рибата и месни преработки, како и комплетните палети на „Подравка“ и „Фудленд“

Речиси сите српски производители на млеко и млечни производи ги дигнале цените во просек од еден до 3,8 отсто. Сите поголеми производители на месо, исто така, од среда ќе ги зголемат цените на свинското месо од 3 до 5 отсто, а на јунешкото ќе поскапи во просек за еден процент.

Во првите септемвриски денови поскапи и брашното, а на некои производители дури за 26 отсто, па смрзнатото тесто има поголеми цени во просек од 10 до 20 отсто, пишува во средата белградски блиц, најавувајќи дека во втората половина од месецов се очекува поскапување на тестенините во просек за 10 проценти.

Трговците не се впуштаат во објаснувањето на новите цени, истакнувајќи дека ги добиле од нивните снабдувачи кои поскапувањата ги оправдуваат со скокот на цените на сировините и нестабилниот курс на српската валута динарот.

 

Преземено до МакФакс

Пронајдете не на следниве мрежи: