После вчерашниот пласман во полуфиналето на УС Опен, Азаренка нагласи дека никогаш не е во потполност задоволна, секогаш може повеќе.
Најдобрата рангирана тенисерка во светот , Викторија Азаренка изјави дека ужива во Њујорк, во енергијата која фановите ја пружаат и фантастично се чувствува на терените на УС Опен.
“Го сакам Њујорк . Ова е едно од најубавите места во светот.Само што ќе излезете на терен овде може веднаш да ја почуствувате енергијата која ви ја пружа публиката, навистина е прекрасно да играте овде”, изјави Азаренка
Азаренка изјави дека е амбициозна и дека мисли дека никогаш нема да биде задоволна со постигнатото, секогаш сака да го даде максимумот.
“Чуствувам дека никогаш нема да бидам задоволна. Колку и да работам напорно, сега кога сум на врвот на мојата кариера не е доволно. Секогаш сакам да давам повеќе од моите можности, да работам подобро. Амбициите се високи но не сакам да се залетувам. Сакам да бидам добра тенисерка, секогаш да напредувам “.
Азаренка изјави дека првото место не може да се спореди со освојувањето на трофеи.
“Да бидеш прво значи многу , но не може да се спореди со освојувањето титули. Тоа е голем успех , тоа е нешто за што целиот живот се спремате и борите, но не е ништо спрема титулите. Тоа е само број”.
Да бидеш за прв пат во полуфиналето тоа за Азаренка е големо значење.
“Неверојатно е чуството кога ќе се пласирате во полуфиналето на УС Опен. Навистина многу ми значи и сакам да дадам се од себе, да одам понатаму. Одам на се или ништо”
Пронајдете не на следниве мрежи: