Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен со секој американски претседател и покрај изјавите на републиканскиот кандидат Мит Ромни, што во руската јавност беа оценети како недозволиво.
„Ќе можам“, рече Путин на државната телевизија во среда, откако беше прашан дали би можел да соработува со Мит Ромни доколку републиканецот биде избран за претседател на САД.
„Кој и да го избере американскиот народ, ќе работам со него. Но, ќе ја направам соработката толку ефективна, колку што нашите партнери сакаат“, рече Путин.
Ромни ја разгневи руската јавност откако упати критики за политиката на американскиот претседател и негов ривал од Демократската партија, Барак Обама кон Русија, ветувајќи дека ќе покаже „повеќе мускули“ кон Москва, доколку биде избран за претседател.
Преземено од Макфакс.
Пронајдете не на следниве мрежи: