Путин ги учи младите жерави како да летаат

 

Рускиот претседател учесник во хуманитарна  акција „Лет на надеж“, чија цел е да се спасат загрозените сибирски жерави кои денеска ги има помалку од 3000.

 

Владимир Путин на патот до АПЕК самитот во у Владивосток, го посети резерватот во Јамал во Сибир. Таму вработените пополека ги учат младите жерави како да летаат на отворено небо, подготвувајќи ги за зимската миграција во средна Азија. 

 

Тој ден учител им беше Путин кој ја презеде улогата на пилот на моторен змаја со помош на кој вработените во резерватот ги водат жеравите во лет – пилотите се облекуваат во бело, а птиците го следат змајот како да се работи за водач на јато. 

 

Рускиот претседател за таа цел три пати летал со змајот – еднаш пробно и два пати со птиците. 

 

– Ми олесна откако се помина во најдобар ред, изјави Путин по летот со моторниот змај, со кој управувал заедно со копилот.

 

– Ги гледав птиците како ме следат од двете страни, тие се прекрасни суштества

Пронајдете не на следниве мрежи: