Сопственици на стриптиз клуб во близина на градот Олбени во американската сојузна држава Њујорк, сметаат дека треба да бидат изземени од плаќањето данок, бидејќи според законот „претставите со драмска и музичка уметност“ не се оданочуваат.
Клубот „Nite Moves“ вложил жалба на апелациониот суд за плаќањето данок во износ од 125 илјади долари на приходите остварени преку продажба на влезници и приватни танцувања.
„Кога би виделе што работат танчарките, би рекле дека не е баш Бољшој театарот, но дека е добро“, изјави пред судот Ендрју Меккалаф кој го застапува клубот.
Судската одлука се очекува есенва.
Пронајдете не на следниве мрежи: