17 романтични начини како да кажете добра ноќ

Дали сакате да му кажете добра ноќ на вашиот партнер на оригинален начин? Еве 17 начини да му пишете кога не го делите креветот:
Легнувам со насмевка на лицето додека мислам на тебе.
Не сакам да ти кажувам добра ноќ, повеќе сакам да бидеме заедно цело време.
Ти си последното нешто за кое размислувам секоја вечер пред да заспијам. И ти си првото нешто на што мислам кога ќе се разбудам.
Се надевам дека спиеш добро, љубов. Ќе ми недостигаш. Дури и неколку часа без тебе се чувствувам како да е цела бесконечност.
Душо, мора да излезеш од мојата глава за да заспијам.
Добра ноќ. Се надевам дека твоите соништа се слатки како тебе.
Мојот кревет е празен без тебе.


Би сакала да можам да стојам цела ноќ разговарајќи со тебе.
Ти испраќам плеј листа за полесно да заспиеш. Тогаш и двајцата ќе ја слушаме истовремено, како да сме заедно.
Добра ноќ, љубов моја. Моите соништа не можат да се споредат со времето кога сме заедно.
Мојот кревет е доволно голем за двајцата, зошто сега не си тука со мене?
Веројатно треба да спијам сега, но сакав уште еднаш да ти кажам дека те сакам.
Тешко е да заспијам кога сум возбудена што ќе те видам утре.
Се надевам дека ќе те сонувам вечерва.
Слатки соништа. Ако сонуваш кошмари, знаеш на кого да пишеш.
Ѕвездите се убави вечерва, но повеќе сакам да гледам во тебе.
Нема причина вечерва да ти кажам добра ноќ, затоа што ќе те видам во соништата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.