17 научно докажани трикови за виткост

Исхраната и вежбањето се важни за одржување на здравата тежина. Тоа го знаат сите, но она што не го знаат сите се 17 докажани трикови кои помагаат во губењето на килограмите, и да, немаат никаква врска со исхраната или вежбањето.1. Бидете опкружени со позитивни луѓе
Жените кои почесто слушаат комплименти на сметка на својот изглед, ја зголемуваат или ја смалуваат својата килажа. Оние кои слушаат критики, веројатно ќе се здебелат.
 2. …но и оние кои знаат како да се воздржат
Самоконтролата е заразна. Истражувањето покажало како нашето однесување за време на ручекот влијае на оние кои се воздржани на маса. Затоа ако се обидувате да го ослабете вашиот пријател “секогаш гладен,, викнете го на кино, а на вечера отидете со оние кои знаат како да се воздржат.
 3. Прескокнете ги рекламите
Многу едноставно – ако видите храна на тв рекламите, ќе ја јадете. Во суштина, тоа е и смислата на рекламата. Но не само она која се рекламира туку едноставно ќе грицкате што ќе ви се најде при рака. Истражувањето покажало дека кулинарските емисии делуваат сосема исто.
 4. Џвакате. И џвакате, и џвакате…
Што повеќе џвакате, толку помалку ќе јадете. Така му давате време на желудникот да сигнализира дека е сит. Инаку ќе се прејадете.
 5. Наспијте се
Сонот е лек за многуте болести – го поправа расположението, ја крева концентрацијата и спречува главоболки. Но покрај ова, го спречува дебелеењето – неспиените луѓе се гладни и најчесто бираат нездрава храна.
 6. Седнете на маса додека јадете
Секогаш кога ќе јадете, седнете на маса. Така че имате контрола врз тоа што го јадете и ќе бидете сконцентрирани на храната.
 7. Грицкајте морков или јаболко пред пазарење
Грицкањето пред пазарење спречува да купувате нездрави намирници. Истражувањата покажуваат како не смее да се оди гладен на пазарење, па затоа овошјето се покажало како најдобро.

 8. Секогаш јадете од чинии
Ако јадете чипс од кесата, нема да знаете колку сте изеле. Ако сте навистина посветени, поделете го во порции пред да почнете да грицкате.
 9. Купете си плави чинии
Истражувањето покажало дека помалку јадеме кога храната е во контраст со чинијата. Психолозите докажале дека повеќето испитаници изеле повеќе шпаѓети со болоњезе сос на бела чинија, па поради тоа советуваат храната да се сервира во плави чинии, бидејќи многу малку се наоѓа храна која е плава.
 10. …и тоа мали
На помала чинија вашата порција ќе изгледа поголема, па така ќе го прелажете вашиот мозок. 
11. Сокот и алкохолот пијте го од тесни, вискоки чаши
А водата од ниски и широки. Луѓето сипуваат 30% повеќе во пониски чаши па затоа се склони и кон нанесување на повеќе калории.
 12. Сокријте ја нездравата храна
Чоколадите и бонбоните ставете ги во ормар, по можност некаде на високо и заборавете на нив.
 13. Овошјето ставете го така што ќе ви биде при рака
За разлика од чоколадите и бонбоните, овошјето можете да го јадете во неограничени количини.
 14. Играјте тетрис
Истражувањата покажале дека игрите како тетрис се добри за потиснување на гладот.
 15. Престанете да носите тренерки
Дотераниот изглед и облека во која се чувствувате привлечно, ве потикнува да се храните здраво.
 16. Без сокови
Не се знае што е погубно за диета – купечките сокови или нивната диетална варијанта, или покачениот шеќер во крвта кој се заканува со дијабетис. Пијте вода. Не газирана, не со вкус, туку обична.
 17. Опушти се и уживај
Кога телото е под стрес, троши многу енергија и затоа кога сме нервозни често бираме нездрави намирници. Под стрес ги трошиме само нервите, а не и калориите. Затоа наједноставно е да се опуштите и да уживате.
 1. Бидете опкружени со позитивни луѓе
Жените кои почесто слушаат комплименти на сметка на својот изглед, ја зголемуваат ил

Пронајдете не на следниве мрежи: