Хрватските спортски новинари ја спуштаат топката на земја, добро знаат од каде доаѓа најголемата опасност во групата, токму од оние за кои некои мисли дека се лесно совладливи, во доменот на нивното искуствто, тие велат дека Хрватска доколку сака да се пласира на СП во Бразил 2014, Хрватска не смее да загуби од Белгија и Македонија, нарекувајќи ја Македонската фудбалска репрезентација “тврд орев“.
„Тврд е македонскиот орев за хрватската репрезентација уште од првиот меѓусебен дуел во 1998-мата година. На ниту еден од шесте меѓусебни дуели против Македонија Хрватска не и беше лесно, што јасно говори дека во наредните два квалификациони средби за пласман на СП 2014, ќе биде тешко…“ вака „хрспорт“ го дава воведната анализа во пресрет на натпреварот со Македонија.
Порталот „хрспорт“ се навраќа и на „делириумот“ кој го означи Ѓорѓи Христов во 80-тата минута во квалификациите од 2000-тата година, што беше клучно да Србија и Црна Гора се пласираат на ЕП а токму Хрватска да отпадне.
Извор: www.hrsport.net
Пронајдете не на следниве мрежи: