Кусо сиже од живото на милиот покојник вдлабено во мермер е работа на минатото, се појавила интерактивни надгробни плочи.
Една погребална компанија од местото Пули во јужна Англија во надгробната плоча ќе додаде кодови „quick response” (QR) коишто на паметниот телефон на корисникот ќе го поврзе со онлјн документите за покојникот, со фотографии, видео снимки и текстови од семејството и од пријателите.
Од управата на погребалната компанија „Chester Pearce“ велат дека QR баркодовите на посетителите на гробиштата ќе им помогнат да дознаат повеќе за закопаната личност, а не само датумот на раѓањето и на смртта, како што е најчесто на вообичаените надгробни плочи, повремено со библиски или поетски цитат.
„Сакаме на разни начини да го зачуваме споменот на луѓето. Кога некого ќе го изгубите, без разлика дали тоа е одненадеж или очекувано, патите. Разговорот за таа личност е многу важен, важно е да се сочува споменот на покојникот, а ова е еден од начините“, вели директорот на компанијата, Стивен Нимо.
„Станува збор за нова технологија. Ќе има луѓе на коишто ова ќе им се допадне, и оние на кои нема, како и во се друго во животот“, додава Нимо
извор: https://www.makfax.com.mk/
Пронајдете не на следниве мрежи: