Бројот на сиромашни Американци кои чувствуваат недостиг од храна се зголемил минатата година за 800 илјади во однос на претходната 2010 година и достигнал бројка од речиси 17 милиони, објави американската влада.
Во соопштението на американското министерство за земјоделство се наведува дека околу 5,5 отсто Американци минатата година пателе од „многу ниска прехранбена сигурност“, што значи дека морале да ги прескокнуваа оброците или не јаделе цел ден, бидејќи немале пари за храна. Тоа претставува зголемување за 800 илјади во однос на 2010 година, се додава во соопштението на коeшто се повикува Reuters.
Извештајот е претставен еден ден откако американската влада објави дека рекордни 46,7 милиони Американци во јуни се пријавиле за бонови за храна, што е за 173 илјади повеќе отколку во мај.
Високата невработеност и нискиот раст од рецесијата од 2008/1009 година се зголемил на рекордно ниво на побарувачка на бонови за храна, што е главната програма на администрацијата на американскиот претседател Барак Обама.
веста е преземена во договор со: https://www.makfax.com.mk/
Пронајдете не на следниве мрежи: