Унгарија нема да ја прифати помошта на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Европската унија, под условите кои тие институции ги поставија, изјави во четвртокот унгарскиот премиер Виктор Орбан, оставајќи сепак простор за натамошни преговори.
„По таа цена.., и на тој начин – не! Нам не ни се потребни финансиски гаранции“, отсечно изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во видео пораката поставена на неговиот профил на Facebook, зборувајќи за кредитот од 15 милијарди долари за кој Унгарија преговара со Меѓународниот монетарен фонд и со Европската унија.
Орбан алудира на списокот услови којшто во четвртокот го објави будимпештанскиот дневен весник Magyar Nemzet близок на неговата влада, кој вклучува и намалување на даноците и семејни субвенции, воведување општ данок на земјиштето, намалување на субвенциите за преводот и укинување на посебниот данок за банките.
Меѓутоа, тоа од унгарска страна не значи и прекинување на преговорите за кредитот. Парламентарната група на партијата на власт – Fidesz „ја овласти владата да изработи нов предлог за преговорите со ММФ и ЕУ следните денови“, вели во снимената порака премиерот Виктор Орбан.
Најголемата опозициска партија, социјалистичката MZSP, јавно искажа сомневање во веродостојноста на списокот на ММФ кој го објави весникот Magyar Nemzet.
„Сметам дека таков список не постои, туку дека станува збор за мерки на штедење коишто сака да ни ги вовед самиот Виктор Орбан, меѓутоа така вината да падне врз ММФ“, изјави за медиумите еден од опозициските челници, Лајош Корож.
Веста е преземена во договор со https://www.makfax.com.mk/
Пронајдете не на следниве мрежи: