Популарниот бренд Meкдоналдс како ланец на брза храна реши да ја смени стратегијата и да го прошири пазарот, па така следната година планира да отвори ресторан во кој ќе се служи храна без еден грам месо.
Мекдоналдс стално се труди услугата во своите ресторани да ја прилагоди на што поширока популација и да излезе во пресрет на желбите и вкусовите на сите различни култури и земји во кои тие имаат ресторани.
Во Индија во која кравите се свети животни замена за говедското месо е пилешкото кое веќе се служи насекаде, но менаџерите на оваа компанија сфатија дека има голем пазар и во населението што веќе не консумира месо.
Ова ќе биде првпат да отвораме ресторан исклучиво за нив изјави Рајаш Кумар-потпаролот на компанијата за Индија.Дали и Европа ќе го следи овој пример останува да видиме.
Пронајдете не на следниве мрежи: