Голем губиток забележува Македонија, Дејан Трајковски, фудбалер кој е со Македонско потекло, денес игра за Словенската фудбалска репрезентација за играчи до 21-годишна возраст, станува збор за исклучително голем талент, Словенија го доби, Македонија по се се чини загуби голем талент.
Денес селекциите на Словенија и Шведска за играчи до 21-годишна возраст одиграа мошне важен дуел за врвот на табелата во Група 2. Имено, младите репрезентативци на Словенија забележаа мошне важна победа од 2-1, при што се на чело на табелата со освоени 20 бодови, на еден меч до крајот на квалификациите Словенија има загарантирано бараж, со оглед на фактот што второпласираната Шведска има 19 бодови а третопласираната Украина 17.
Она што е интересно, токму Дејан Трајковски беше еден од најзаслужните за победата на Словенија, во 44-тата минута, поведоносниот гол на Берич беше со асистенција токму на Дејан Трајковски.
20-годишниот Дејан Трајковски е еден од најталентираните фудбалери во Словенија, моментално игра за тимот на Марибор.
Словенија се усреќи, Македонија остана со празни раце, уште еден талент наместо за Македонија ќе игра за друга репрезентација.
Пронајдете не на следниве мрежи: