СпортКлуб ТВ во рубриката „На денешен ден“ ја претстави и славниот Македонски фудбалски великан Дарко Панчев, популарен како „Кобра“.
Инаку, на денешен ден легендарниот Дарко Панчев е роден, во Скопје, а „СпортКлуб ТВ“ не го изостави ниту него, објавувајќи ја целата сторија околу Дарко Панчев популарниот „Кобра“.
Кариерата ја започнува во Вардар во 1983-тата година, каде на 151 натпревар постигнува 84 голови, потоа во 1988-тата година преминува во Црвена Ѕвезда и на 91 натпревар постигнува неверојатни 84 голови, го прави својот трансфер од соништата преминувајќи во Интер, но таму не се снајде и одигра само 19 натпревари во цели 3 сезони постигнувајќи само 3 погодоци.
Добитник е на „Златната Копачка“ кога во сезоната 1990-91 постигна 34 голови, и ја освои наградата, наградата ја доби дури во 2006-тата година во Скопје лично Мишел Платини, на манифестацијата присуствуваа и Драган Стојковиќ и Драган Џаиќ.
Денес, Дарко Панчев го одбележува својот 46-ти роденден, да не испадне дека Македонската спортска новинарска фела го заборави мајсторот за голови, спортската редакција на ПУЛС24 му го честита и му посакува се најубаво!
Пронајдете не на следниве мрежи: