Почесен Оскар за Џефри Каценбер

Американската Академија за филмска уметност и наука (Academy of Motion Picture Arts and Sciences – AMPAS) објави дека на годинешнава свеченост Governers Awards, почесното признание Оскар за хуманитарна работа ќе му биде доделенана американскиот филмски продуцент Џефри Каценберг.

Поранешниот претседател на управата на филмската компанија „Disney“ и еден од основачите на студијата „Dreamworks“, Џефри Каценберг, во 1994 година покрај Стивен Спилберг и Дејвид Гефен беше добитник на хуманитарната награда Jean Hersholt Humanitarian award.

Наградата се доделува периодични, „на поединци во филмската индустрија чиишто хуманитарни напори значително придонесле за нејзиниот развој“. Минатата година наградата и’ беше доделена на американската телевизиска водителка Опра Винфри/

Каценберг во својата биографија има и една номинација за Оскар, за продукцијата на анимираниот филм „Spirit: Stallion of the Cimarron“ (Бестрашниот Спирит) на „Dreamworks“ од 2002 година.

Каценберг како шеф на одделот за анимации на студијата „Dreamworks“ е еден од четворицата годинешни добитници на оваа престижна награда. Другите добитници на почесните Оскари се каскадерот Хал Нидхам, кој снимил повеќе од 300 долгометражни филмови, снимателот на документарни филмови Ди Еј Пинебејкер и основачот на Американскиот филмски институт, Џорџ Стивен џуниор. Наградите ќе им бидат врачени на свеченоста што ќе се одржи во ноември.

Каценберг од поодамна е познат како филантроп кој помогна да се собер повеќе до 200 милиони долари за хуманитарната фондација Motion Picture and Television Fundе која дава финансиска помош, како и здравствени и социјални услуги и помош на членовите на забавната индустрија.

Преземено од Макфакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: