Компанијата Епл негираше дека давала на ФБИ податоци за сопственици на милиони Ајфон и Ајпад уреди како што тврди хакерската група Antisec.
– ФБИ не барале таква информација од Епл ниту ние сме ја доставувале до ФБИ или друга организација, изјави за Виолстрит џурнал портпаролката на Епл, Натали Керис.
Хакерската група објави вчера дека располага со фајл на ФБИ во која е список на сопственици на милиони Ајфон и Ајпад уреди.
Antisec објави куса верзија на фајлот во кој е список со сериски броеви и сопственици на еден милион уреди на Епл. Хакерите наведоа дека нема да ги објават целосните имиња, адресите и броевите на мобилните телефони.
Хакерите тврдат дека го имаат списокот од март преземен од преносен компјутер на агент на ФБИ. Списокот според нив, има податоци за околу 12 милиони уреди. ФБИ ги негираше тврдењата на хакерската група.
Пронајдете не на следниве мрежи: