Американскиот атлетичар Ариес Мерит на митингот од Дијамантската лига во Брисел го собори светскиот рекорд на 110 метри со пречки.
Мерит ја претрча патеката за 12,80 секунди, што е дури за седум стотинки од досегашниот светски рекорд на 110 метри со пречки кој уште во 2008 година во Острава го постави Кубанецот Дајрон Роблес.
За олимпискиот шампион 27-годишниот Мери, оваа трка во Брисел беше дури осма оваа сезона во која трчаше на оваа патека под 13 секунди, а во петокот навечер имаше мала помош и од ветерот во грбот кој дуваше со 0,3 метри во секунда.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: