Македонската одбојкарска репрезентација го запиша и вториот пораз на првиот квалификациски турнир за пласман на Европското првество, чии домаќин е Виена.
Македонија, во рамките на второто коло забележа пораз од најголемиот фаворит за освојување на првото место, репрезентацијата на Чешка со 0:3 (16:25, 19:25, 22:25).
Македонија во првото коло, во четвртокот, по голема борба беше поразена од Австрија со 3:2.
Во сабота, во последното коло Македонија ќе играа против Хрватска, потоа четирите репрезентации ќе се преселат во Острава, каде од 13-16 септември ќе се одигра вториот турнир по кој ќе биде познат патникот на Европското првенство и репрезентацијата која ќе игра во баражот.
Домаќини на Европското првенство кое ќе се одржи во 2013 година ќе бидат Полска и Данска.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: