Репрезентациите на Франција, Англија и Холандија, забележаа вредни победи на стратот на европските квалификации за пласман на Мундијалот во Бразил, во 2014 година, додека Италија освои бод во Софија против Бугарија.
Холандија во дербито на својата група ја победи Турција со 2:0, Англија во Кишињев со 5:0 ја победи Молдавија, Германија без напор победи против Фарските острови со 3:0, а Франција минимално во Хелсинки ја совлада Финска.
Италија против Бугарија, во Софија одигра без победник 2:2.
Вредни гостински победи забележаа Белгија во Велс 2:0, Швајарија во Словенија 2:0, додека Португалија со многу мака победи во Луксембург со 2:1.
Најубедливата победа во првото коло ја забележа Босна и Херцеговина, која во Лихтенштајн побеи со 8:1, по три гола постигнаа Ибишевиќ и Џеко.
Фабио Капело со победа од 2:0 над Северна Ирска дебитираше на клупата на Русија, додека Република Ирска на волшебен начин се извлече во Казахстан, откако Роби Кин и Дојл постигнаа погодоци во последните две минути за победа од 2:1.
Група А:
Хрватска-Македонија 1:0
Велс-Белгија 0:2
Група Б:
Малта-Ерменија 0:1
Бугарија-Италија 2:2
Група Ц:
Казахстан-Ирска 1:2
Германија-Фарски Острови 3:0
Група Д:
Естонија-Романија 0:2
Андора-Унгарија 0:5
Холандија-Турција 2:0
Група Е:
Албанија-Кипар 3:1
Словенија-Швајцарија 0:2
Исланд-Норвешка 2:0
Група Ф:
Русија-Северна Ирска 2:0
Азербејџан-Израел 1:1
Луксембург-Португалија 1:2
Група Г:
Лихтенштајн-БиХ 1:8
Литванија-Словачка 1:1
Латвија-Грција 1:2
Група Х:
Црна Гора-Полска 2:2
Молдавија-Англија 0:5
Група И:
Грузија-Белорусија 1:0
Финска-Франција 0:1.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: