Грчките власти денеска наутро по 24 часа, ја повлекоа одлуката за блокирање на работата на албанските превозници на патници.Според претставници на компаниите, Атина вчера дала наредба за ново лиценцирање на албанските компании за превоз на патници од Грција во Албанија и обратно.
Со одлуката вкупно 22 компании од Албанија беа целосно блокирани .
Албанките превозници наведуваат дека станува збор за одлука која имала за цел да ги форсира активностите на грчките компании заради што по бројните реакции, одлуката е деблокирана денеска.
Преземено од Макфакс.
Пронајдете не на следниве мрежи: