Поранешниот гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер не го прекрши законот кога ја намалил затворската казна на синот на својот политички сојузник, одлучи судот.
Судот на Вишиот окружен суд во Сакраменто донесе пресуда дека поранешниот политичар и популарниот холивудски актер не го прекршил законот со тоа што ја намалил затворската казна на синот на својот политички сојузник, само неколку часа пред да ја напушти должноста гувернер.
Одлуката на Шварценегер да ја намали казната на Естебан Нуњез од 16 на седум години, судијата Лојд Конели ја нарече „невкусна“ и „одвратна за поголем дел на населението“, но дека истата е донесена во рамки на гувернерските овластувања.
Станува збор за синот на Фабијан Њунез, поранешен претседател на парламентот и политички сојузник на Шварценегер.
Естебан Њунез се изјасни за виновен за убиство од небрежност при напада на невооружена група момчиња во 2008 година, кога со неколку пријатели се враќал од забава во Сан Диего.
Семејството на Сантос и јавниот обвинител од Сан Диего поднесоа тужба тврдејќи дека Шварценегер со намалувањето на пресудата го прекршил законот.
Преземено од Макфакс.
Пронајдете не на следниве мрежи: