Се повеќе се прават компромиси со планирање на семејството и се помалку жени се спремни да раѓаат – потврдува едно истражување направено од британскиот таблоид Ред.
На репрезентативен примерок од 3000 жени на возраст од 28 до 45 години е спроведена анкета. Резултатите се следни.
Една петина од паровите покажуваат дека жените не успеваат со своите партнери да се договорат кој е најдобриот момент да имаат дете. Исто така една третина не сакаат да имаат деца поради тоа што мислат дека кариерата и слободата на планирање на сопственото време е подрагоцена и не сакаат да ја отстапат дури ни за својата фамилија, а 36 проценти се сигурни дека и воопшто не сакаат деца.
Половина од жените тврдат дека не го пронашле човекот на својот живот ,и дека се спремни да ги замрзнат своите јајце клетки додека го чекаат идеалниот маж , а некои се повеќе се одлучуваат да купат дете во банките за сперма.
Емоционалната неплодност е се почеста појава и се повеќе се користи во секојдневието , а под тоа се подразбира дека тоа што немате деца не е ваш избор, туку не сте пронашле партнер кој сака да има потомство.
Иако сите стручњаци предупредуваат дека до 35 година е правото време за раѓање со повеќе од жените не се спремни ниту финансиски ниту емоционално – објаснува директорката на списанието „Ред“ Брижит Мос.
(мушичка)
Пронајдете не на следниве мрежи: