Руни можел да искрвави

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, кој тешко се повреди во второто коло до англиската Премиер лига, можел да мине многу полошо, па дури и да искрвави, кога играчот на Фулам, Уго Родалега Мартинез невнимателно го зафати со копачката во бутниот мускул нанесувајќи му длабока расекотина.

 

Ниту самиот Вејн Руни во почетокот не бил свесен за колку сериозна повреда станува збор, а британските медиуми наведуваат дека доколку раната била само за малку подлабока би ја зафатило феморалната артерија и Руни би можел да искрвави. Поради оваа повреда, фудбалерот на Манчестер Јунајтед ќе паузира најмалку еден месец.

Синдикатот на професионалните фудбалери во Англија покрена истрага против Уго Родалега, истакнувајќи дека треба дополнително да биде испитана должината на крампоните на копачите што ги носел Колумбиецот.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: