Основачот на порнографското списание Хастлер и самопрогласен борец за слобода на говорот Лери Флинт понуди милион долари на оној што ќе ги открие финансиските податоци на републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни.
Лери Флинт ја објави својата понуда на целата страница во неделното издание на The Washington Post, а истиот ќе биде објавен во изданието на USA Today од вторник 11-ти септември.
Милион долари се понудени за документиран доказ за наводно непријавениот поврат на пари на Мит Ромни и детали за неговата „оф шор“ сопственост, банкарските сметки и деловните партнерства.
Мит Ромни сѐ уште ги нема објавено своите финансии за 2012 година.
„Што крие? Можеби сега ќе дознаеме?“, се вели во текстот со наведената електронска адреса и телефонски број на кој секој кој поседува некоја од спомнатите информации може да ја сподели со Флинт.
Шеесет идеветгодишниот Лери Флинт е регистриран демократски гласач, во повеќе наврати нудеше пари за информации со кои може да бидат оцрнети републиканците, особено нивните неверства во бракот.
Преземено од Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: