18-ГОДИШНО МОМЧЕ ОД ТЕТОВО ПРОНАЈДЕНО МРТВО: Телото било најдено во бањата од страна на неговите мајка и сестра

Вчера околу 18.00 часот во СВР Тетово, од Ургентен центар при Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив бил донесен починат Е.Ш.(18) од Тетово.

Според пријавеното, неговите мајка и сестра го пронашле без знаци на живот во бањата во семејниот дом.

Смрт без траги на насилство констатирал лекар, а увид извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на семејството.

Пронајдете не на следниве мрежи: