Виталиј Кличко ја одбрани титулата

 

Украинскиот боксер Виталиј Кличко ја одбрани титулата светски првак во тешка категорија во WBC верзијата во мечот против Мануел Чар од Геранија откако борбата беше прекината поради повредена на преизвикувачот.

Пресуден момент беше  во четвртата рунда, во мечот кој се одржа во Москва, кога Кличко на противникот му зададе силен удар со силен аперкат.

На тој начин Виталиј и по девет години остана непоразен во тешка категорија. Чар агресивно влезе во мечот задавајќи му на шампионот неколку удари во главата. Кличко не потклекна и возврати во втората рунда.

Во продолжение Виталиј во четвртата рунда ја дочека шансата, Чар лошо го постави гардот, а Кличко со аперкат го погоди во десната аркада. Поради големата количина на крв судијата веднаш ја прекина борбата. Германецот не се согласи со таа одлука па негодуваше во рингот заканувајќи им се на браќата Кличко. Чар на крајот мораше да го прифати поразот од Виталиј.

Преземено од Макфакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: