Шпанскиот велосипедист Алберто Контадор е победник на 67-то издание на трката околу Шпанија – Вулета.
Контадор победи со вкупно време од 84 часа, 59 минути и 49 секунди, зад него се пласира Алехандро Валверде кој заостана една минута и 16 секунди, додека третото место во конечниот пласман му припадна на Хоаким Родригез.
Контадор со оваа победа на вистински начин се врати на големата сцена, него во август му заврши суспензијата, откако беше утврдено дека во 2010 година ја користел забранетата супстанца кленбутерол.
Последната етапа на Вуелта, која со должина од 115 километри се возеше од Сарседиљо до Мадрид му припадна на Германецот Џон Дегенколб.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: