МЗТ загуби од Партизан

 

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, во контролен меч одигран во Белград, загубија од Партизан со 69:81 (15:18, 24:21, 16:24, 14:18).

По израмнетото прво полувреме, кошаркарите на Партизан во вторито дел направија предност од 15 поени разлика и без поголеми проблеми стигнаа до победата. 

Новото засилување на центарската линија во тимот на МЗТ, Урош Николиќ со 26 поени беше најефикасен играч на натпреварот. Кај македонскиот првак уште Дејвис постигна девет, Далман, Војдан Стојановски и Мијаиловиќ по седум седум поени.

Американецот Гордон со 16 поени го предводеше Партизан. 

МЗТ ги загуби двете подготвителни средби во Србија, во саботата екипата од Аеродорм беше поразена од Раднички со 76:83. 

 

Макфакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: