Вo битката помеѓу Apple и Samsung, судот пресуди во корист на Apple и му даде се што посака, исплата од милион долари плус можност за забрана за продажба на паметните телефони и таблетите на Samsung.
Со овој голем спор, драстично се менува начиниот на кој уредите се произведени, но дали ова ќе го смени нашиот начин на размислување кога купуваме паметен телефон за лична или бизнис употреба? Најверојатно не!
New York Times предвиде дека о ваа одлука ќе предизвика наплив на дизајнерски хаос во светот на телефоните “Потрошувачите ќе можат да изберат помеѓу различниот дизајн на телефоните и таблетите, тој дизајн ќе дојде како освежување и ќе биде добредојден, или ќе биде невешт дизајн направен само за да избегне копирање на Apple”
Она што следи по спорот со Apple и Samsung се најверојатно повеќе судски спорови помеѓу овие две компании. И најверојатно поголема цена ќе платат паметните телефони кои не припаѓаат на Apple. Но, на долг рок, овие спорови нема да имаат никаков ефект врз потрошувачите и нивниот избор за мобилен.
Експертот за изуми Томас Фреј од Колорадо објаснува дека сите овие судски работи нема да бидат важни, бидејќи потрошувачит повторно ќе внимаваат најмногу на цената кога ќе го бираат својот паметен телефон.
Неодамнешната одлука најверојатно ќе биде обжалена, а има голема веројатност и дека истата ќе биде променета. Но, дури и кога одлуката ќе остане важечка, тоа нема да влијае врз профитот на Samsung.
Произведителите на мобилни, си предаваат патентирани технологии меѓусебно за одредена цена. На пример, по недоразбирањето од минатата година, Apple му плаќаше на Nokia околу 11.50 долари за секој продаден iPhone. Слично на ова, во договор од минатата година, Samsung се согласи да му плати на Microsoft 10 до 15 долари за секој продаден таблет или паметен телефон.
На пазарот во САД, најголемиот дел од паметните телефони се продаваат по субвенционирани цени, во договор од две години, кој го нудат големите телекомпании. Затоа, зголемувањето на цените на телефоните нема да влијае врз корисниците на паметните телефони, па затоа истите нема да бидат од големо значење, а судските спорови нема да влијаат во донесувањето на одлука кој бренд да се купи.
Превземено од претприемач.мк
Пронајдете не на следниве мрежи: