Бразилскиот голман Бруно Фернандез де Соза (27) од клубот Фламенго, обвинет е за киднапирање, мачење и брутално убиство на манекенката Елиза Самудио (25), со чии делови од телото потоа ги нахранил своите ротвајлери, а останатото го затрупал со бетон.
Де Соуза веќе ја служи четиригодишната казна затвор поради напад и киднапирање на манекенката, а подоцна оваа година ќе му биде судено за убиство.
Според обвинението, Бруно киднапирањето и убиството на Самудио го испланирал и извел со уште осум лица, меѓу кои и неговата сопруга Дајана, еден малолетен роднина и поранешниот детектив Луиз Сантос, кои се обвинети за киднапирање, завера за убиство и убиство.
Обвинението вели дека познатиот голман гледал како Сантос ѕверски ја злоставува несреќната жена во неговата куќа за одмор на имотот „Бели Хоризонти“, додека тој пуштал гласна музика за да ги пригуши нејзините крикови, а потоа на поранешниот детектив му помагала да го распарчи телото. Со дел од деловите од телото ги нахраниле ротвајлерите, додека остатокот го покриле со бетон.
„Се утврди дека идолот на публиката како што е Бруно, кој играше за големиот клуб Фламенго, од каде веднаш бил суспендиран, е чудовиште“ вели детективот Едисон Мореира, детектив кој работи на истражување на овој случај.
Истрагата покажала дека голманот кој на овој брутален начин се обидел да го сочува „својот добар глас“ имал нападнато навивач, дека користел канабис и дека учествувал во оргии заедно со другите колеги
За несреќа, Елиза Самудио на една таква разуздана журка кај неговите клупски колеги го запознала Бруно и заедно ја поминале вечерта, а потоа открила дека е бремена.
Кога му кажала на Де Сози за детето, побеснел, а кога му кажала дека планира да покрене судска постапка за докажување на татковството, го испланирал нејзиното киднапирање и убиство.
Бебето, кое во моментот на убиството на неговата мајка имало четири месеци, имал намера да го присвои со својата законита сопруга, која ја натерал да каже дека е во прашање дете од сиромашен роднина од провинција.
При апсењето, некогаш популарниот Бруно цело време тврдел дека е невин и дека совеста му е чиста, додека за Самуидо изјавил дека „курва која никому нема да му недостасува’.
макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: