Поради честа одбил 300.000 долари за да намести натпревар

 

Поранешниот репрезентативен голман на Гана, Ричард Кингсон, изјави дека на Светското првенство во Германија во 2006 година, му била понудена голема сума на пари за да го намести мечот на својата репрезентација и Чешка.

Голманот тврди дека му биле понудени 300.000 долари, а за возврат тој требало да помогне Чешка да победи со 2:0. 

„Не знаев што да правам. 300.000 долари се многу пари, а за победата со Гана ќе добиев премија од 3.000 долари. Разговарав со сопругата и таа ми рече: Ричард јас тебе не те сакам поради парите, немој да го загубиш достоинството и честа“, изјави Кингсон. 

Гана, на Мундијалот во Германија ја победи Чешка со 2:0 и избори пласман во осминафиналето каде загуби од Бразил со 0:3. 

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: