Неименувана Американка на пазар во државата Вирџинија за 50 долари купила слика што ѝ се допаднала, а за која подоцна се покажало дека е најверојатно дело на францускиот мајстор Пјер-Огист Реноар,
Како што пишува BBC, сликата е купена на пазар за стари работи во пакет во кој имало уште две кукли и пластична крава за кој продавачот барал 50 долари. Кога на сликата забележала плочка со натпис „Renoir“, жената ја однела на процена кај експерти.
Стручњаците сметаат дека најверојатно станува збор за делото „Paysage Bords de Seine“ на славниот француски сликар настаната 1879 година и дека е купена во париска галерија во 1926 година.
Новата сопственичка има намера уште овој месец сликата да ја даде на аукција и верува дека за неа ќе добие најмалку 100 илјади долари, односно две илјади пати повеќе отколку што платила.
Преземено од Макфакс.
Пронајдете не на следниве мрежи: