17-годишниот Битолчанец Виктор Талевски, кој игра за екипата на Ајнтрахт Франкфурт, се појави во престижниот германски весник „Билд“ кој го номинираше нашиот млад и талентиран фудбалер како иднина на својот клуб од Франкфурт.
Освен Талевски, честа да бидат дел од оваа сторија на „Билд“ ја имаа и неговите колеги од тимот, 16-годишниот Мануел Конате-Луекен и 17-годишниот Марвин Швабе.
Талевски е роден во Франкфурт, има двојно државјанство, Германско и Македонско, игра во дефанзивата и е член на Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 19-годишна возраст.
Пронајдете не на следниве мрежи: