Последниот натпревар со Србија и петардата која ја примија се во позадина, спортската јавност во Македонија горделиво и достоинствено упатува честитки до младите јунаци кои докажаа како се бранат боите на националниот дрес.Најдоброто фудбалско репрезентативно нешто во Мак-фудбалот, тоа е селекцијата предводена од „ФУДБАЛСКИОТ МАЕСТРО“ Бобан Бабунски…
Младите се надминаа себе си, се докажаа повеќе и отколку што самите мислеа…
Македонската спортска јавност како да не знаеше колку е голем успехот на репрезентативно ниво па дури до дуелот со Србија сфати публиката конечно за што поточно се работи, ДА, МЛАДИТЕ ФУДБАЛСКИ ЈУНАЦИ ИГРАА ЗА БАРАЖ…
Среќата не ни се насмевна, ни сврте грб, а да бидеме и пореални, притисокот огромен, неискуството од големи натпревари исто така, младите јунаци како да беа премногу и под сопствен притисок за тоа што ги чека доколку забележат успех… Данска ја реши дилемата против Северна Ирска, беше голем фаворит и очекуван беше резултатот и големата победа, но ние потајно мечтаевме, се надевавме на историски пласман во баражот за ЕП, нешто што досега не сме го почувствувале, не сме го виделе… Епа овие млади талентирани јунаци не доближија до нешто што никогаш не сме ни помислувале дека ќе бидеме толку блиску…
Целта е постигната,по наше видување младиве можат „комотно“ да закажат пријателски натпревар со нашата А-селекција и да им одржат лекција по модерен фудбал, само пожелно ќе биде ФФМ да ангажира навремено доктори за да не дојде до „виткање на кичми…“ бидејќи момците како тргнале…
Што да очекуваме следно? – Многу јасно, овие млади фудбалери се веќе „печени“ сениорски репрезентативци, Чеде нема потреба да чека.
Пронајдете не на следниве мрежи: