Спортската редакција на „Пулс24“ ви ги претставува младите македонски фудбалери кои би можеле да бидат освежување во А-селекцијата по успешно завршениот квалификациски циклус за ЕП.
Голманската позиција за А-тимот е најконкурентна, ги имаме маестралните Кристијан Наумовски, Мартин Богатинов, Томе Пачовски, Един Нурединовски… кој од кој подобар, пресудува кој е по-стандарден во својот тим. Тоа значи дека за маестралниот Столе Димитриевски е сеуште рано, станува збор за исклучително голем талент, но, убаво ќе биде да помине уште некоја година во младата селекција, сепак станува збор за 18-годишен голман.
Горан Богдановиќ – 22 години, вреди 250 000 евра на трансфер-пазарот, фудбалер кој има најмногу натпревари нашата млада селекција, забележа 19 настапи за неа, искуството е кај капитенот на младите репрезентативци.
Предраг Ранѓеловиќ – 22 години, вреди 400 000 евра на трансфер-пазарот, исклучително квалитетен фудбалер кој полека но сигурно може да му се дава шанса во А-тимот.
Александар Трајковски – 20 години, вреди 700 000 евра на трансфер-пазарот, тоа е играчот кој во младата селекција вреди најмногу според „Трансфермаркет“. Станува збор за огромен фудбалски талент, останува на Чеде и Бобан да одлучат дали би играл стандардно уште една година за младата селекција и би и помогнал да се стигне до некој значаен успех за истата, или пак веднаш би бил прекомандуван во сениорската селекција, веќе има четири настапи за сениорскиот тим.
Владица Брдаровски – 22 години, вреди 350 000 евра на трансфер-пазарот. Младиот Битолски талент котира солидно на трансфер-пазарот, голем талент кој може да добива адекватна шанса и во сениорската селекција, но, привремено и во фаза „степ бај степ“, одигра 17 натпревари за младата селекција за играчи до 21 годишна возраст, притоа постигнувајќи и еден гол.
Зени Хусмани – 21 година, вреди 500 000 евра на трансфер-пазарот. Популарниот „Шибенички Гатузо“ игра на позицијата што ги спојува одбраната и средината, борбен фудбалер кој прекарот „Шибенички Гатузо“ го доби додека играше за хрватски Шибеник, моментално е во словенскиот Домжале. Како што кажавме, исклучително борбен, ќе биде од огромна помош за А-селекцијата во иднина…
Стефан Спироски -22 години, вреди само 250 000 евра на трансфер-пазарот. Котира слабо на трансфер-пазарот, несомнено е тоа, но, неговата игра, неговата борбеност на средината на теренот го зборуваат спротивното, според спортската редакција на „Пулс24“, Спироски веќе го вметнуваме како прв и главен играч во средниот ред на нашата А-селекција, забележа четири настапи за А-тимот.
Ферхан Хасани – 22 години, вреди 500 000 евра на трансфер пазарот. Изненади одличната соработка на Хасани со Пандев. Тандемот Хасани-Пандев потмомогнат од пасовите на одличниот Агим Ибраими функционираше маестрално на мечот со Литванија,а највпечатлив остана тандемот Хасани-Пандев кои заедно функционираа перфектно, до овој момент Ферхан забележа 10 настапи и притоа постигна еден погодок за сениорската селекција на Македонија.
Драган Ѓорѓиев – 21 година, вреди 400 000 евра на трансфер пазарот. Радовишанецот е премногу талентиран фудбалер, голема штета што не беше забележан адекватно уште пред неколку сезони кога беше најавуван како голем талент, да се надеваме дека ќе следиме и понатаму напредок во неговата кариера, играч кој може да биде од помош за нашата А-селекција, Ѓорѓиев доби повик од Чеде Јаневски.
Горан Силјановски – 22 години, вреди 350 000 евра на трансфер-пазарот. Тетовчанецот игра во дефанзивата на „Гипсарите“, квалитетен фудбалер кој би можел привремено да го освежува дефанзивниот ред во сениорската селекција.
Илија Несторовски – 22 години, вреди 350 000 евра на трансфер пазарот. Прилепчанецот е познат на нашата фудбалска јавност. Талентиран фудбалер кој има и интернационално искуство, реално и го потврди својот талент веќе. Играч е на Металург, би можел привремено да го освежува нападот на нашата сениорска селекција.
Никола Јакимовски – 22 години, вреди 300 000 евра на трансфер пазарот. Јакимовски е член на Јавор во српската „СуперЛига“. Игра во средината, полушпиц, веднаш зад напаѓаќите. Го вбројуваме како играч кој би можел да го освежува средниот ред во нашата А-селекција.
Дарко Стојанов – 22 години, вреди 300 000 евра на трансфер пазарот. Дарко е дете на Вардар, потекнува од фудбалската школа на Вардар, важеше за исклучително голем и надежен талент, моментално игра за тимот на Брегалница од Штип, младиот дефанзивец кој игра на позиција задни-везен полека но сигурно го докажува својот раскошен талент и можеме со сигурност да констатираме дека во прашање е само искуство и број на натпревари, во овој случај големи натпревари.
Самир Фазли – 21 година, вреди 200 000 евра на трансфер пазарот. Слабо котира на трансфер-пазарот, тоа е факт, но, игра солидно во нападот, веќе полека но сигурно Херенвен се фокусира на неговиот талент така да можеме да сметаме и на Самир Фазли, веќе забележа 5 настапи за сениорскиот национален тим.
Пронајдете не на следниве мрежи: