Познати се сите учесници во баражот за пласман на Европското првенство во 2013 за фудбалери до 21 година.
Македонските фудбалски надежи не успеаја да се најдат меѓу 14-те селекции кои ќе разигруваат за пласман на континенталното првенство кое ќе се одржи во Израел.
Македонија, во понеделникот, во решавачкиот меч убедливо загуби во Србија со 1:5.
Покрај Србите кои го освоија првото место во Групата 4, бараж изборија и победниците на останатите осум групи: Чешка, Англија, Франција, Германија, Италија, Холандија, Русија и Шпанија, како и четирите најдобро второпласирани селекции: Данска, Норвешка, Словачка и Швајцарија.
Бараж двојките ќе бидат извлечени на 14 октомври во Нион, а мечевите ќе се играат на 12 и 16 октомври.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: