Меџик: Неш ќе му ја продолжи кариерата на Коби

 

Легендарниот американски кошаркар, Меџик Џонсон, не го крие задоволстовото што Стив Неш во престојната сеозона ќе го носи дресот на ЛА Лејкерс.

Легендата на клубот и еден од најдобрите кошаркари во историјата смета дека кандаскиот ветеран дополнитело ќе го подигне нивото на играта на „езерџиите“ и што е најважно ќе го симне товарот од грбот на првата ѕвезда Коби Брајант. 

„Стив Неш е играч кој знае на соиграчите да им овозможи лесни поени и знае како се победува. Тој е играч за решавачки моменти, ќе донесе квалитет не само како организатор на играта, туку и како некој кој знае да ја рашири противничката одбрана. Конечно мислам дека тој е играч кој ќе му ја олесни работата на Коби. Сметам дека покрај Неш, Коби ќе може да игра подолго уште неколку сезони, заклучи легендарниот Меџик.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: