САД, без Хаваите и Аласка, досега ја имаат најтоплата година откако се мери температурата на воздухот, со 47 од 48 сојузни држава во коишто од јануари до август било потопло од просекот, објави Американската управа за океаните и атмосферата (NOAA).
Според податоците на NOAA, просечната температура од јануари до август во 48 американски сојузни држави, изнесувала 14,8 степени Целзиусови или 2,2 степени повеќе отколку просекот во 20-от век. Годината 2012-та, воедно, ја надмина 2006 година којашто беше најтоплата досега.
Само државата Вашингтон забележала температура близу просечната, но и таа е погодена од сушата.
Воопшто целата планета бележи многу температурни рекорди во текот на последните десет години. Научниците сметаат дека индустриското испуштање на јаглерод диоксидот ги предизвикува тие зголемувања на температурата и сé почестите природни катастрофи.
макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: