Македонската сениорска фудбалска репрезентација одигра уште еден одличен маестрален натпревар по мечот во Загреб, овој пат „лавовска борба“ прикажаа избраниците на Чеде Јаневски на „Хемпден Парк“ каде целосно ја надиграа селекцијата на Шкотска.
Одлична и маестрална игра на нашите репрезентативци на дуелот со Шкотска на гостински терен, на „Хемпден Парк“.
Започнавме одлично, поведовме со голот на Николче Новевски во 11-тата минута од мечот, имавме среќа и поради тоа што голот беше признат, бидејќи реално голот беше постигнат од офсајд-ситуација.
Продолживме одлично и во остатокот од мечот, при повреда, Иван Тричковски беше заменет, Тричко одлично си ја заврши својата работа, а Хасани перфектно го замени Тричко нанесувајќи им огромни проблеми на Шкотите. Само две минути по влегувањето Хасани заработи жолт картон бидејќи намерно спречи контра за селекцијата на Шкотска.
Шкотска иако незаслужено сепак стигна до израмнување, за жал, Ванче Шиков направи грешка и конфузијата во одбраната гласеше израмнувачки погодок за Шкотска кој го постигна Милер во 43-тата минута од мечот. Не смееме да му замериме на Ванче Шиков, одигра маестрално целиот меч, сосема нормално е да се случуваат грешки па и вакви, борбеноста на Шиков на целиот меч воопшто не ни дава можност да упатиме критика кон нашиот борбен дефанзивец.
Првиот дел заврши со 1-1, иако незаслужено, сепак Шкотска успеа да израмни во првиот дел.
Во вториот дел главниот судија, русинот Карасев во една прилика додели два жолти картони на нашиот тим, во 52-рата минута жолт картон доби Глигоров, а веднаш потоа во 53-тата минута, во иста прилика добива и Пандев.
Селекторот на Шкотска во 58-мата минута прави замена на мечот, во игра влегува Адам на местото на Милер, стрелецот на израмнувачкиот гол.
Ферхан Хасани кои им создаде големи главоболки на Шкотланѓаните, во 57-мата минута ја погоди стативата после одличниот удар кој го упати, Македонија уште еднаш немаше среќа да поведе по втор пат.
Во 66-тата минута Рудес влегува во игра на местото на Морисон во селекцијата на Шкотска, во 70-тата минута од мечот, Шумуликоски влезе во игра на местото на Глигоров.
72-рата минута остави голем белег на мечот, Ивановски изби сам пред голот на Шкотска по одличното додавање на Пандев, но по се се чини дека не сакаше да биде себичен, сакаше да одигра тимски и додаде до Хасани, сепак Шкотите во одбраната успеаа да интервенираат навремено и топката беше исфрлена надвор од шеснаесетникот.
Во 77-мата минута Шкотска ја прави и последната измена, во игра влегува Нејсмит на местото на Меки.
Шумуликоски во 78-мата минута заработува жолт картон по примерот на Хасани, спречува контра.
Јаневски го примети заморот на Ибраими кој даде се од себе на овој меч и неговата борбена игра уште еднаш беше од голема помош за нашиот тим, Агим во 89-тата минута е изваден од игра од тактички причини но и од причина на замор на офанзивниот играч, во игра влегува Дарко Тасевски.
Крајниот епилог од овој меч 1-1, се чини крајната анализа и мислење од овој меч е дека нашата репрезентација го даде максимумот, Горан Пандев одигра на нивото, Георгиевски по десната страна одигра маестрално, Ибраими одигра на задоволително ниво, а Ферхан Хасани ја продолжи одличната игра што претходно ја имаше Тричковски на левата крилна страна.
Сите одиграа на нивото на кое се бараше, Чеде Јаневски се чини ја исполни целта, заминуваме од „Хемпден Парк“ со бод, непоразени, иако заслуживме победа, сепак, бодот и тоа како е доволен од овој меч.
Играч на натпреварот според „Пулс24“: Даниел Георгиевски (Македонија)
Фото: www.bbc.co.uk (нашите фудбалери се радуваат по водечкиот гол)
Пронајдете не на следниве мрежи: