Раководството на кошаркарскиот шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродорм, објави дека Американецот Брендон Вуд, повеќе не е член на екипата.
Вуд, кој беше донесен како големо засилување на плејмејкерската позиција, не ги исполни очекувањата во претсезонските натпревари, по што стручниот штаб и управата на клубот го донесоа ова решение, решија да му се заблагодарат на соработката.
Вуд, не успеа да влезе на овогодинешниот драфт поради што се решил кариерата да ја продолжи во странство, својот трансфер во МЗТ го договори кон крајот на јули. Американецот има 23-години, а е поранешен играч на Мичиген, во кариерата има настапувано и за Валпараисо.
Макфас
Пронајдете не на следниве мрежи: