Три лица се пронајдени во вторникот мртви во автомобил на француското острово Корзика, а жртвите биле застрелани од автоматско оружје, соопшти извор близок до истрагата.
Овој инцидент се случува само шест дена откако на француските Алпи беше затекната слична сцена на злосторство.
Телата се пронајдени во едно село недалеку од градот Корт на северот на островот, каде веќе 30 години сепаратистите вршат насилство во знак на побуна против француското владеење.
Од почетокот на годината, на Корзика се убиени десетина лица, а полицијата наведува дека повеќето од нив се жртви на нерешени спорови.
Минатата средна на француските Алпи беше пронајден автомобил со безживотни тела на четири лица
Преземено од Макфакс.
Пронајдете не на следниве мрежи: