Деветнаесетгодишник со нож ги убил братот и родителите и тешко си ја повредил сестрата во Хохентенген на германско-швајцарската граница, соопшти државното правобранителство во сојузната покраина Баден-Виртемберг. 19-годишникот со нож ги убил родителите на возраст од 58 и 61 година, а потоа и 34-годишниот брат. Сестрата, чија возраст не е објавена, била повредена и со хеликоптер била пренесена во блиската болница. Таа наводно се здобила со сериозни убодни рани, но нејзиниот живот не е во опасност.Инцидентот се случил вчера вечер, соопштија од полицијата и од државното правобранителство. Осомничениот е уапсен. Според полициското соопштение, целото семејство живеело во куќата во која се случил масакрот. Убиецот има германско и италијанско државјанство. Мотивот за нападот сè уште е нејасен.Според информациите од државното правобранителство, 19-годишникот се товари за тројно убиство без умисла и еден обид за убиство.Во истата област, пред два месеци, 32-годишен маж ги убил своите родители, а на крајот и себеси.
Пронајдете не на следниве мрежи: