19 совети за среќна и исполнета 2019: Животот е прекраток за да го трошиме на бес и омраза кон другите

2019-та година е на прагот, а во неа ги носиме нашите желби и надежи за подобри денови. Сепак, треба да сме свесни дека дел од работите зависат од нас, само ако направиме мал напор да го смениме начинот на размислување и да изградиме навики кои ќе ни помогнат да бидеме посреќни.Ова се 19 совети за среќна и исполнета 2019-та година:
1. Кога сте во недоумица, направете еден мал следен чекор. Тоа ќе ви ги разјасни работите.
2. Животот е прекраток за да го трошиме на бес и омраза кон другите.
3. Плачете со другите, покажете им дека сте тука.
4. Запаметете, зависта е само губење време.
5. Склучете мир со минатото за да не ја изгубите сегашноста.
6. Секогаш избирајте ја среќата.
7. Во ред е да плачете и тагувате, тоа ќе помине.

8. Не им давајте повеќе од 2 шанси на луѓето.
9. Кога се борите за нешто што сакате, не прифаќајте „не“ за одговор.
10. Сакајте ги своите родители, бидејќи тие се единствените кои никогаш нема да ви го завртат грбот.
11. Никој не е задолжен за вашата среќа од вас самите.
12. Кога сте здрави и среќни, насмевнете се и бидете благодарни.
13. Кога ви е тешко запрашајте се дали тоа ќе ви значи по неколку години.
14. Верувајте во чуда.
15. Тоа што не нѐ убива, тоа нѐ зајакнува.
16. Не споредувајте го својот живот со другите. Никогаш не знаете низ што минуваат.
17. Запаметете, животот не е украсен со црвена машничка, но тој е непроценлив подарок.
18. Ослободете се од сите работи кои не ви се корисни и кои не ве прават среќни.
19. Длабоко воздивнете кога и да ви е тешко – тоа го смирува умот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.