Почина една од најпознатите југословенски актерки

Познатата српска актерка Мира Ступица почина ноќеска во Белград во 94-та година од животот, јавуваат „Вечерње новости“.Пред само два дена таа го прослави својот роденден во кругот на најблиските.
Родена е како Мирослава Тодоровиќ на 17 август 1923 во Гњилане, каде што родителите ѝ биле професори по математика. Беше прво од четирите деца на Радомир Тодоровиќ.
На сцената ги бележи почетоците во Шабац и Ниш. Преку Народната и ЈДП, па сѐ до театрите од Париз и Москва, се нижеа нејзините улоги.  Таа играше во сите жанрови, од класичен до современите домашни и странски репертоари. Таа беше незаборавната Петрунела, Глорија, бароницата Кастели, Госпоѓа Жен Сан … 
Таа често повторуваше дека врвот на актерскиот талент го достигнала во режиите на Бојана Ступица, во текот на две децении заеднички живот на сцената и надвор од неа.
Во јавноста последен пат се појавила во април минатата година на Денот на Југословенскиот драмски театар.
Пред само два дена таа го прослави својот роденден во кругот на најблиските.
Родена е како Мирослава Тодоровиќ на 17 август 1923 во Гњилане

Пронајдете не на следниве мрежи: