Во среда на 1.мај се навршија 19 години од трагичната смрт на еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1, Аиртон Сена. Бразилецот го загуби животот за време на трката за Големата награда на Сан Марино во Имола. Сена, според многумина најдобриот возач во историјата на овој спорт, загина во 34 година од животот, до несреќата дојде кога тој ја загуби контролата врз својот болид и со брзина од преку 300 километри на час удри во ѕидот во свиокот Тамбурело на патеката „Енцо и Дино Ферари“. Ден претходно на речиси истото место, во квалификациите, животот го загуби Австриецот Роланд Раценбергер. Овие две трагедии кои се случија во 1994 година засекогаш ја сменија Формула 1. Легендарниот Бразилец, во кариерата победил на 41 трка, а уште 39 пати бил на победничкиот пиедестал, освоил три шампионски титули. Од своето деби во Формула 1во 1984 година возел за екипите на Толеман, Лотус, Мекларен и Вилијамс.Во среда на 1.мај се навршија 19 години од трагичната смрт на еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1, Аи
Пронајдете не на следниве мрежи: