Русија треба да си постави „суперцел“ за изградба на голема база на Месечината за да ги оствари „скоковите“ во науката и да даде нова смисла на својата проблематична вселенска програма, изјави рускиот заменик премиер Дмитриј Рогозин.
Нарекувајќи ја таа цел „голема, престижна и политичка“, Дмитриј Рогозин изјави дека на руската вселенска индустрија, погодена со низа скапи и срамни неуспеси, итно и’ е потребен чувствителен поттик кој би ја натерало да се фокусира.
„Постои голема конкуренција во вселенскиот простор и мораме да си поставиме суперцел која науката и индустријата би ги повлекла нанапред“. Тоа би овозможило земјата да излезе од калта на проблемите, кои нé мачат последните дваесет години“, изјави Рогозин во интервју за радиото Новости ФМ.
„Зошто не се обидеме да изградиме голема станица на Месечината, којашто би била база за идните скокови во науката“, запраша Рогозин.
Обновениот интерес на Русија за летови на Месечината е одраз на намалувањето на амбициите во низата неуспешни вселенски летови во период кога другите земји, особено Кина, сé повеќе се концентрираат на Месечината.
Пекинг, имено, планира идната година да ја испрати својата прва сонда на Месечината, иако сé уште значително заостанува во однос на вселенските суперсили Русија и САД.
Овој интерес на големите сили потекнува од претпоставките на научниците дека На Месечината може да има резерви од вода и различни минерали.
Преземено од Макфакс.
Пронајдете не на следниве мрежи: