На продажба островот на Џон Ленон

 

Островот Дориниш, во заливот Клу, на западниот брег на Ирска, на кој поранешниот член на Битлси, Џон Ленон и неговата жена Јоко Оно планирале да ги поминат пензионерските денови, е ставен на продажба за 300.000 евра, пренесува Bloomberg.

Островот на којшто освен неколку говеда, овци и морски птици, не живее никој, Ленон го купил пред 45 години и планирал таму да изгради куќа.

По неговото убиство во 1980 година во Њујорк, неговата вдовица го продала островот на семејни ирски фармери кое веќе не можеле да го одржуваат, па и тие сакаат да го продадат.

Ленон за ова парче земја со големина од десетина фудбалски терени, кој локалното население го нарекува „островот на Битлсот“, платил 1.700 фунти или 2.700 долари во 1967 година.

Славниот рокер островот го посетил двапати, последен пат во 1968 година заедно со Јоко Оно, за што говорат и фотографиите кои и денес висат на ѕидот на блискиот хотел.

На прашање во интервју за магазинот Rolling Stone  во 1971 година, како го замислува својот живот во 64-та година, Ленон рекол: „Се надевам дека Јоко и јас ќе бидеме една фина брачна двојка која ќе живее на остров во близина на брегот на Ирска“.

Преземено од Макфакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: