Повеќе изборни циклуси по ред ПУЛС24.МК од принципиелни причини не учествува во рекламирање за време на политички кампањи. Истовремено не се пријавуваме во ДИК. Денеска го погледавме списокот на пријавени потрали и сме вчудовидени. Дури 191 портал се пријавил да земе пари од кампањата на партиите а ќе биде платен од државни пари.
Повеќете од нив ниту сте ги слушнале ниту некогаш сте ги отвориле. Но, на избори ќе може да испорачаат фактури кои ќе бидат платени од државни пари. Ова е според нас лошо законско решение и стимулира корупција.
Минатата година на изборите имаше голем скандал, за кој многу се пишуваше. Се разбира, никаква разврска нема.