191 портал се пријавил да земе пари од кампањата на партиите а ќе биде платен од државни пари

Повеќе изборни циклуси по ред ПУЛС24.МК од принципиелни причини не учествува во рекламирање за време на политички кампањи. Истовремено не се пријавуваме во ДИК. Денеска го погледавме списокот на пријавени потрали и сме вчудовидени. Дури 191 портал се пријавил да земе пари од кампањата на партиите а ќе биде платен од државни пари.

Повеќете од нив ниту сте ги слушнале ниту некогаш сте ги отвориле. Но, на избори ќе може да испорачаат фактури кои ќе бидат платени од државни пари. Ова е според нас лошо законско решение и стимулира корупција.

Минатата година на изборите имаше голем скандал, за кој многу се пишуваше. Се разбира, никаква разврска нема.

Префрлани се за време на кампањата вчудовидувачки суми од десетици илјади евра на непознати сајтови кои немаат никаква посетеност!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.