Објавени првите фотографии од снимањето на The Hobbit

Серија фотографии од снимањето на трилогијата „Хобитот“, објавена е со цел промоција на филмовите за кои се очекува да ги урнат сите светски рекорди во гледаност.

На неколку фотографии може да го видиме Билбо Багинс (Мартин Фримен) со своите колеги на снимањето на првиот дел кој носи наслов „An Unexpected Journey”.  Филмот што го режира Питер Џексон, премиерно ќе биде прикажан во декември годинава.

Вториот дел насловен како „The Desolation of Smaug” ќе биде прикажан на 13-ти декември 2013 година, а третиот „There and Back Again” ќе биде објавен 18-ти јули 2014 година.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: